Svet.SlajderНекатегоризираноСветСвет.Портал

Хјуман рајтс воч: Без дискриминација да се обезбедат вакцини за сите во Сирија

Меѓународната невладина организација Хјуман рајтс воч (ХРВ) денеска повика на поддршка за хуманитарните групи во Сирија за да се обезбеди фер дистрибуција на вакцини против коронавирус во целата земја, која е зафатена од војна, и ја повика владата во Дамаск да не прави дискриминација, пишува британски Гардијан.

Њујорк, 2 февруари 2021 (МИА) – Меѓународната невладина организација Хјуман рајтс воч (ХРВ) денеска повика на поддршка за хуманитарните групи во Сирија за да се обезбеди фер дистрибуција на вакцини против коронавирус во целата земја, која е зафатена од војна, и ја повика владата во Дамаск да не прави дискриминација, пишува британски Гардијан.

– Оние кои ја снабдуваат Сирија треба да сторат сè што е во нивна моќ за да се осигураат дека ќе стигнат до најранливите групи, без разлика каде се наоѓаат во земјата, изјави претставничката на ХРВ во Сирија Сара Каиали, пренесува Гардијан.

Таа додаде дека сириската Влада никогаш „не се засрамила што го употреби скусувањето на здравствената заштита како оружје за војување“, но рече дека играњето таква игра со вакцината против Ковид-19 е спротивно на глобалните напори за контрола на пандемијата.

Американската организација ХРВ го испрати апелот поради забележителното ограничување за испорака на помош во северозападните и североисточните делови на Сирија, кои во последните години се под контрола на Курдите, пишува британскиот весник. ссм/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close