0_Спорт.ПорталФудбал

Гвардиола: Веќе не сме заинтересирани за Ливерпул

„Граѓаните“ заостануваат 14 бода зад лидерот Ливерпул, кои се со меч помалку.

Манчестер, 18 јанаури 2020 (МИА) – Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, целосно го отпиша тимот од битката за титулата во Англија.

„Граѓаните“ заостануваат 14 бода зад лидерот Ливерпул, кои се со меч помалку.

– Тоа што сме толку далеку значи дека не нè интересира што прават Ливерпул. Подобро е да се концентрираме на тоа како можеме да ги подобриме нашите резултати во лигата и на други натпреварувања, рече шпанскиот стручњак.

Тој коментираше и за неговата иднина. Веќе некое време, неговото име е поврзувано со заминување од „Етихад“ по крајот на сезоната, но Гвардиола негираше слични намери.

– Ако не бидам отпуштен, јас останувам на 100%. Не затоа што ги победивме нашите последни два натпревари, туку затоа што се подобривме во последните месеци. Дури и кога има лоши периоди и нема да бидеме во Лигата на шампионите, јас нема да заминам. Како менаџер, имате добри и лоши периоди. Не можете секогаш да победувате. Но, сè е до тоа што правиш на следниот натпревар и како можеш да се подобриш, додаде Гвардиола.

Денеска од 16 часот Сити е домаќин на Кристал Палас во 23-то коло од Премиер лигата.

Таг
Back to top button
Close
Close