0_Спорт.ПорталФудбал

Гвардиола: Тухел е исклучителен тренер. Сигурен сум дека тој ќе успее со Челзи

Пеп Гвардиола, тренерот на Манчестер сити, го прокоментира назначувањето на Томас Тухел за предводник на Челзи.

Лондон, 27 јануари 2021 (МИА) – Пеп Гвардиола, тренерот на Манчестер сити, го прокоментира назначувањето на Томас Тухел за предводник на Челзи.

-Да, јас го поздравувам. Тој е исклучителен тренер и уверен сум дека ќе биде успешен во Челзи. Драго ми е што го гледам во оваа земја. Кога бев во Баерн, играв против неговиот Мајнц, а потоа и против неговата Борусија. Таму тој заврши неверојатна работа. Тогаш Дортмунд покажа само извонредна игра. Баерн вложи многу енергија во борбата за освојување на шампионската титула таа година. Тухел е мој пријател и мило ми е што го гледам овде, изјави Гвардиола.

Томас Тухел вчера беше назначен за тренер на Челзи. Тој на функцијата доаѓа на местото на Френк Лампард. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close