0_Спорт.ПорталФудбал

Гвардиола: Со секое патувањето во репрезентативните кампови, бројот на инфицирани ќе расте

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола изрази загриженост дека кон крајот на март, фудбалерите ќе одат на тренинг кампвите на националните тимови среде пандемијата на коронавирус.

Манчестер, 17 февруари 2021 (МИА) – Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола изрази загриженост дека кон крајот на март, фудбалерите ќе одат на тренинг кампвите на националните тимови среде пандемијата на коронавирус.

– Единствениот начин да се заштитите од овој вирус е да останете дома, да не се движите, да се дистанцирате од другите, да не контактирате никого или да патувате. Турите ќе започнат сега, играчите ќе одат на тренинг камповите со репрезентациите, тешко е да се контролираат. Бројот на инфекции ќе расте. Би сакал да кажам дека ова нема да се случи, но, според искуството, тоа се случи во два-три наврата. Кога патувате ризикувате повторно да се заразите. Мислам дека Премиер лигата треба да се справи со ова прашање. Истото се однесува на сите лиги. Треба да се реагира, смета Гвардиола.

Останува да се види реакцијата на УЕФА по оваа изјава на шпанскиот стручњак и дали евентуално би се одложиле репрезентативните собири следниот месец. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close