0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Гвардиола слави јубилеј, 300 победи во Топ 5 првенствата

Шпанскиот фудбалски тренер Јозеп Гвардиола оствари 300 победи на 390 натпревари во петте најсилни европски лиги.

Лондон, 12 јануари 2020 (МИА) – Шпанскиот фудбалски тренер Јозеп Гвардиола оствари 300 победи на 390 натпревари во петте најсилни европски лиги.

Манчестер сити вечерва го совлада тимот на Астон Вила (6:1) во 22-то коло од Премиер лигата. Оваа победа беше јубилејна 300-та за тренерот на „граѓаните“ Гвардиола.

На 390 натпревари, Шпанецот има и 53 нерешени исходи и 37 порази. Тој има 77 отсто победени натпревари.

Пред Манчестер сити, Гваридола ги предводеше Барселона и Баерн Минхен. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close