0_Спорт.ПорталФудбал

Гвардиола: Реалноста е што можеби сега не сме конкурентни со Ливерпул, Барса или Реал

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола го изрази своето мислење за моменталната состојба на тимот.

Манчестер, 9 декември 2019 (МИА) – Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола го изрази своето мислење за моменталната состојба на тимот.

– Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Барселона, Реал Мадрид, Јувентус се екипите со кои треба да играме. Реалноста е дека, можеби, сега не можеме да се натпреваруваме со нив. Треба да го прифатиме тоа, да станеме подобри и да продолжиме понатаму. Можеби треба да прифатиме реалност и напредок. Заостануваме 14 бода зад Ливерпул заради нашите грешки, нивото на противниците и особено нештата на кои не можеме да влијаеме. Ова е реалност, но треба да продолжиме понатаму, изјави Гвардиола.

Сега е почетокот на декември, има и други турнири каде треба да играме. Ние не размислуваме за освојување на Лигата на шампионите, не размислувам за тоа колку бодови треба да освоиме или колку поени треба да изгубат нашите противници, додаде шпанскиот стручњак.

Актуелниот англиски шампион Манчестер сити по 16 кола во Премиер лигата се наоѓа на 3. место со 32 бода, 14 помалку од лидерот Ливерпул. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close