0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Гвардиола потврди: Сане оди во Баерн, му посакувам се најдобро

Англискиот клуб се очекува да добие најмалку 50 милиони евра за него.

Манчестер 1 јули 2020 (МИА) – Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола откри за што разговарале со Лерој Сане, кој наскоро ќе се пресели во Баерн (Минхен).

– Тој сакаше да си замине. Секој одлучува за себе што да прави со својот живот. Желбата ми беше тој да остане, но тој ми рече дека Минхен ќе биде подобар за него и тој самиот ќе биде посреќен, рече денес Пеп.

Англискиот клуб се очекува да добие најмалку 50 милиони евра за него.

– Трансферот сè уште не е завршен, бидејќи има неколку детали што треба да се разјаснат. Но, се чини дека Лерој оди во Баерн. Му посакувам се најдобро и му благодарам на годините заедно. Во Германија тој започнува нова фаза во својата кариера во фантастичен клуб, додаде Шпанецот.

Таг
Back to top button
Close
Close