0_Спорт.ПорталФудбал

Гвардиола подготвува чистка во текот на летото

Првиот кој е на листата на „отстрел“ на Пеп е Николас Отаменди. Аргентинецот е крајно неубедлив оваа сезона и клубот веќе бара замена, а името за кое се шпекулира е Пау Торес од Виљареал.

Манчестер, 10 јануари 2020 (МИА) – Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола планира да направи некои измени во тимот ова лето. Тој се очекува да избрка најмалку пет играчи од сегашниот состав и да привлече нови регрути во тимот, пренесува англиски „Телеграф“.

Првиот кој е на листата на „отстрел“ на Пеп е Николас Отаменди. Аргентинецот е крајно неубедлив оваа сезона и клубот веќе бара замена, а името за кое се шпекулира е Пау Торес од Виљареал.

Некој меѓу Бенџамин Менди, Александар Зинченко или Анхелињо, исто така, се очекува да замине. Најверојатно, тоа ќе биде Шпанецот, кој досега забележа само 3 натпревари во текот на сезоната.

Се очекува и 34-годишниот Давид Силва да се збогува со „граѓаните“. Тој во моментов ја игра својата 10-та сезона за клубот, но се очекува тоа да биде и последна. Лерој Сане скоро сигурно ќе биде продаден во текот на летото, откако се опорави од повредата што ја доби.

Гвардиола размислува и за промена во нападот, по што останува неизвесна иднината на Габриел Жесус.

Таг
Back to top button
Close
Close