0_Спорт.ПорталФудбал

Гвардиола: Палас не направи ништо посебно, но заработи бод

Тренерот на Манчестер сити, Јосеп Гвардиола не го криеше фактот дека е разочаран од исходот од натпреварот од 23. коло од шампионатот на Англија против Кристал Палас (2:2).

Манчестер, 18 јануари 2020 (МИА) – Тренерот на Манчестер сити, Јосеп Гвардиола не го криеше фактот дека е разочаран од исходот од натпреварот од 23. коло од шампионатот на Англија против Кристал Палас (2:2).

Граѓаните испуштија победата во самиот финиш постигнувајќи автогол.

– Тешко беше да се игра со ваков противник. Долго време се обидувавме да наметнеме наша игра. Потоа ја преземавме иницијативата и го контролиравме текот на натпреварот. Палас не создаде ништо посебно, но заработи бод, изјави шпанскиот фудбалски стручњак.

Манчестер сити е втор во Премиер лигата со 13 бода заостанување зад лидерот Ливерпул и два натпревара повеќе. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close