0_Спорт.ПорталФудбал

Гвардиола објасни зошто не се потпира на младите играчи во тимот

Според него, младите играчи во тимот треба да се борат за своето место во составот со неверојатни играчи.

Манчестер, 12 јануари 2020 (МИА) – Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, коментираше пред натпреварот од 22-то коло со Астон Вила во Премиер Лигата дека им е тешко на младите играчи да се приклучат на тимот, а Шпанецот ја кажа причината за тоа.

– Сакам да играм со многу млади играчи, но сето тоа зависи од нив, нивниот развој. Јас се обидувам да им помогнам, како што правев и во Барселона, но имаме многу големи амбиции. Мора да победуваме на секој натпревар, рече Гвардиола.

Според него, младите играчи во тимот треба да се борат за своето место во составот со неверојатни играчи.

– Суровата реалност е дека дури и неверојатните играчи како Фил Фоден не го добиваат времето што го заслужуваат. Моите асистенти секогаш внимаваат на младите играчи, и ако јас забележам некој што ќе се истакне, тој ќе добие шанса, додаде Каталонецот.

Вечерва „небесносините“ гостуваат на Астон Вила од 17:30 часот. Сити се на третото место на рангот со 44 поени, на 17 зад лидерот Ливерпул.

Таг
Back to top button
Close
Close