0_Спорт.ПорталФудбал

Гвардиола: Нема ништо случајно во победите на Ливерпул во последните секунди

Пеп, исто така, го коментираше драматичниот успех на Ливерпул над Астон Вила во дополнителното време, кој дојде по погодокот на Садио Мане. Каталонскиот стручњак истакна дека ваквите победи во никој случај не се случајни.

Манчестер, 3 ноември 2019 (МИА) – Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола го пофали својот тим по победата над Саутемптон. Долго време „небесно-сините“ губеа на свој терен, но направија пресврт до 2-1 благодарение на головите на Серхио Агуеро и Кајл Вокер.

– Ние направивме се што требаше. Тешко беше да се нападне кога нашиот противник се бранеше со 11 лица. Нашата напорна работа се исплати. Не беше важно како играше Саутемптон, но ние реагиравме на она што се случуваше на теренот. Моравме да се обидеме и го направиме тоа, рече Гвардиола.

Пеп, исто така, го коментираше драматичниот успех на Ливерпул над Астон Вила во дополнителното време, кој дојде по погодокот на Садио Мане. Каталонскиот стручњак истакна дека ваквите победи во никој случај не се случајни.

– Во последниве години, ова се случи многу пати со Ливерпул. И Мане е неверојатен талент. Понекогаш тој влегува во шеснаесетникот, понекогаш постигнува фанатични голови во последните минути. Едноставно талент. Ако Ливерпул победи на еден или два натпревари на тој начин, можевме да речеме дека е среќа, но во нивниот случај тоа е јачина на карактерот. Кога станавме шампиони и постигнавме 100 поени, исто така победивме во 4 или 5 натпревари во последните минути, истакна Гвардиола.

Таг
Back to top button
Close
Close