0_Спорт.ПорталФудбал

Гвардиола: Некои играчи не прифаќаат дека понекогаш треба да се резерви

Тренерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола кажа кој фудбалер би можел да го напушти тимот на крајот на сезоната.

Лондон, 18 мај 2021 (МИА) – Тренерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола кажа кој фудбалер би можел да го напушти тимот на крајот на сезоната.

– Има играчи кои ја прифаќаат ситуацијата во клубот, има и такви кои не ја прифаќаат. Кога играчот не може да прифати дека понекогаш не игра, потребна е промена. Ќе видиме на крајот на сезоната. Ќе разговараме со играчите и ќе донесеме најдобра одлука за сите, изјави Гвардиола за „Дејли мејл“.

На три кола пред крајот на сезоната, премиерлигашот Манчестер сити стана шампион на Англија. За 36 кола „граѓаните“ освоија 83 поени.

Сити го очекува финалето во Лигата на шампионите на 29 мај против Челзи во Порто. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close