0_Спорт.ПорталФудбал

Гвардиола: Не можеме да продолжиме вака

Голема заслуга за ремито имаше Вилфред Заха, кој беше остави зад себе неколку играчи на половината на „граѓаните“.

Манчестер, 19 јануари 2020 (МИА) – Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола не го криеше своето разочарување од доцниот изедначувачки гол на Кристал Палас, со кој шампионите загубија уште два бода во борбата за трета последователна титула.

Голема заслуга за ремито имаше Вилфред Заха, кој беше остави зад себе неколку играчи на половината на „граѓаните“.

– Моравме да го спречиме нивниот втор гол. Тоа е грешка што ја направивме и не треба да ја правиме повторно. Ова е ситуација, во која водимесо 2:1 и не смееме едноставно да го оставиме Заха да трча, толку е едноставно. Но го оставивме и примивме втор гол. Тоа беше погрешна одлука и ние треба да се подобриме. Не можеме да продолжиме така. Мораме да се подобриме, изјави Шпанецот по мечот.

Таг
Back to top button
Close
Close