0_Спорт.ПорталФудбал

Гвардиола: Манчестер сити се обидува да победи на секој натпревар, затоа, ние сме четири години по ред во финалето на ЕФЛ

Тренерот Манчестер сити, Пеп Гвардиола по триумфот над Бирмингем (3:0) во ФА Купот, рече дека неговите избраници на секој дуел одат не победа.

Манчестер, 11 јануари 2021 (МИА) – Тренерот Манчестер сити, Пеп Гвардиола по триумфот над Бирмингем (3:0) во ФА Купот, рече дека неговите избраници на секој дуел одат не победа.

– Првата задача е решена. Вклучивме голем број млади играчи и се пласиравме во следната рунда. Ако ја следите траекторијата на тимот по моето пристигнување, можете да видите дека на секој натпревар одиме на победа и не калкулираме. Ова е причината зошто сме во четврто финале во Лига Купот по ред, зошто го освоивме ФА Купот пред две сезони и бевме во полуфиналето минатата сезона, рече Гвардиола.

Во ФА купот Сити се пласира во 1/16 финалето, додека во Лига купот ќе игра во финалето против Тотенхем. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close