0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Гвардиола и Манчестер сити се согласија за нов договор

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола се согласи да го обнови контактот со клубот, пишува „Дејли мејл“.

Лондон, 19 ноември 2020 (МИА) – Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола се согласи да го обнови контактот со клубот, пишува „Дејли мејл“.

„Граѓаните“ му дадоа време на специјалистот за да може да размисли за оваа одлука со своето семејство. На крајот, 49-годишниот Шпанец се согласи да потпише договор.

Сегашниот договор на Гвардиола е со важност до 2021 година.

Гвардиола ја минува својата петта сезона во Манчестер сити. Под негово водство екипата двапати стана шампион на Англија, еднаш го освои Купот на земјата и три пати – Лига купот. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close