0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Гвардиола: Гарсија ќе игра за Барселона, тој е врвен фудбалер

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола изјави дека дефанзивецот Ерик Гарсија ќе се пресели во Барселона.

Манчестер, 1 март 2021 (МИА) – Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола изјави дека дефанзивецот Ерик Гарсија ќе се пресели во Барселона.

– Ерик Гарсија за мене е како син. Минатата година тој беше нашиот најдобар дефанзивец по локдаунот. Никогаш не згреши и играше во четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Тој ќе игра за Барселона. Ерик не е просечен играч, тој е врвен фудбалер. Не го вклучив во последните два натпревара и тоа ми го скрши срцето, изјави Гвардиола.

Договорот на 20-годишниот Шпанец со „граѓаните“ се пресметува до крајот на сезоната. Беше објавено дека Барселона веќе се договорила со Гарсија за условите за личен договор.

Гарсија оваа сезона одигра само три натпревари во Премиер лигата. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close