0_Спорт.ПорталФудбал

Гвардиола ќе им дозволи на фудбалерите на Сити сами да си изберат капитен по заминувањето на Силва

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола изјави дека ќе им дозволи на фудбалерите сами да си изберат кој ќе биде капитен на тимот по заминувањето на Давид Силва.

Манчестер, 26 јули 2020 (МИА) – Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола изјави дека ќе им дозволи на фудбалерите сами да си изберат кој ќе биде капитен на тимот по заминувањето на Давид Силва.

Шпанецот ќе замине во пензија на крајот на сезоната. Соиграчите него го избраа за те по заминувањето од клубот на Винсент Компани минатото лето.

– Како и секогаш, им дозволувам на играчите сами да изберат. Можеби последниот збор е мој, но обично самите играчи одлучуваат кој ќе ги претставува. Тие се толку паметни што самите знаат што им треба, смета Гвардиола.

За улогата на капитен, фаворит е Кевин де Брујн, но меѓу кандидатите се споменуваат и  Фернандињо и Серхио Агуеро. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close