0_Спорт.ПорталФудбал

Гвардиола: Де Бруин е најдобриот играч од средниот ред во светот

Тренерот на Манчестер сити, Јосеп Гвардиола го пофали неговиот играч од средниот ред, Кевин Де Бруин.

Манчестер, 3 јули 2020 (МИА) – Тренерот на Манчестер сити, Јосеп Гвардиола го пофали неговиот играч од средниот ред, Кевин Де Бруин.

– Кевин е многу добар. Има нешто уникатно. Тој многу добро се движи низ полето и има добра прегледност. Покрај тоа, Кевин има карактер – тој реализира четири пенали во низа откако не можевме да постигнеме гол од белата точка долго време. Де Бруин е најдобриот играч од средниот ред во светот во моментов, но тој може да стане уште подобар и знае како да го стори тоа, потенцира Гвардиола.

Дваесет и деветгодишниот белгиски фудбалер за Сити игра од 2015 година. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close