0_Магазин.ПорталЗанимливости

Гвардиола цел на хакер – му украле податоци заради изнуда од 100.000 фунти

Осомничениот вели дека тоа била „најлесната работа на свет". Влегол во мејлот од својот мобилен и така ги снимил приватните пораки, сосе доверливи податоци за трансфери и целиот список контакти.

Манчестер, 27 февруари 2020 (МИА) – Пеп Гвардиола е во средиштето на полициска истрага, откако, наводно – хакер се обидел да му продаде негови лични електронски пораки за 100.000 фунти.

Мажот е уапсен во Манчестер. Се сомничи дека го хакирал мејлот на тренерот на Манчестер Сити, додека работел на Етихад 2017 година.

Осомничениот вели дека тоа била „најлесната работа на свет”. Влегол во мејлот од својот мобилен и така ги снимил приватните пораки, сосе доверливи податоци за трансфери и целиот список контакти.

Човекот се обидел да изнуди 100.000 фунти, барајќи да биде исплатен во криптовалути Биткоин. Полицијата го уапси мажот во понеделникот, па следел претрес на неговата куќа и мобилните телефони, како и на мејл-адресите. Наводно бил вработен во клубот Манчестер Сити од 2016. до 2018 година. си/

Таг
Back to top button
Close
Close