0_Спорт.ПорталФудбал

Гвардиола: Агуеро е легенда на Манчестер сити

Тренерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола ја коментираше најавата на напаѓачот на „граѓаните“, Серхио Агуеро, за заминување од тимот на крајот на сезоната.

Манчестер, 31 март 2021 (МИА) – Тренерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола ја коментираше најавата на напаѓачот на „граѓаните“, Серхио Агуеро, за заминување од тимот на крајот на сезоната.

– Ни претстојат уште два месеца заедничка работа. На тренинг, Серхио изгледа одлично. Агуеро е незаменлив за нас. Секако, статистички можеме да го замениме, но тој има 360 натпревари за Манчестер сити, постигна над 250 гола, освои многу титули. Тој е легенда, најдобриот напаѓач на клубот во последните неколку години. Ќе остане незаменлив за нас, за нашите навивачи, играчи и тренери. Сигурен сум дека Серхио е во состојба да настапи на високо ниво најмалку уште 3 до 5 години, истакна Гвардиола за „Скај Спорт“.

Агуеро се пресели во Манчестер сити во 2011 година од Атлетико. Одигра 384 натпревари со „граѓаните“, постигна 257 погодоци и 73 асистенции. Аргентинскиот напаѓач освои четири титули во англиската лига со Манчестер сити и е најдобар стрелец во историјата на англиската Премиер лига кај странците.

Манчестер Сити ќе постави статуа на Агуеро на клупскиот стадион покрај статуите на екс-клупските играчи Давид Силва и Винсент Компани.

Во сезоната 2020/21, Агуеро забележа 14 настапи за Манчестер сити, постигнувајќи 3 гола. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close