БалканБалкан.ПорталСвет.Слајдер

Гутереш во јули ќе присуствува на комеморацијата за 25-годишнината од масакрот во Сребреница

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш изјави во Њујорк дека во јули ќе присиствува на комеморацијата во Сребреница, кога ќе се одбележува 25-годишнината од злосторството.

Њујорк, 5 февруари 2020 (МИА)  –  Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш изјави во Њујорк дека во јули ќе присиствува на комеморацијата во Сребреница, кога ќе се одбележува 25-годишнината од злосторството.

-Да, ќе одам. Мислам дека е значајно да се отиде и да се покаже потребата Сребреница никогаш повеќе да не се повтори. Со загриженост ги гледаме случувањата во БиХ и мислиме дека мораме да тргнеме во правец на помирување и да се бориме против говорот на омраза, рече Гутереш одговарајќи на прашање на прес конференција во ОН, на која зборуваше за плановите за 2020 година.

Генералниот секретар на ОН наведе и дека неговата екипа веќе е во контакт со властите во БиХ во врска со органзиацијата на настанот. сд/

Back to top button
Close
Close