СветСвет.Портал

Гутереш: Шансите за сузбивање на ширењето на вирусот се сè помали

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска изјави дека сузбивањето на ширењето на новиот коронавирус во светот е можно, но шансите за тоа се сè помали.

Њујорк, 28 февруари 2020 (МИА) – Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска изјави дека сузбивањето на ширењето на новиот коронавирус во светот е можно, но шансите за тоа се сè помали.

– Не е време за паника, време е да бидеме подготвени, целосно подготвени, изјави Гутереш пред новинари во Њујорк.

Тој рече дека сега е време сите земји да ги интензивираат напорите и да направат се што е во нивна моќ да го спречат ширењето на вирусот, но додаде дека шансите за тоа се намалуваат. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close