Svet.SlajderСветСвет.Портал

Гутереш: Ако расизмот постои секаде, постои и во ОН

ОН изразија солидарност со американскиот народ кој излезе на улиците да демонстрира против расизмот и полициската бруталност, а генералниот секретар на Светската организација Антонио Гутереш на својот Твитер профил напиша: „Ако расизмот постои секаде, постои и во ОН“.

Њујорк, 6 јуни 2020 (МИА) – ОН изразија солидарност со американскиот народ кој излезе на улиците да демонстрира против расизмот и полициската бруталност, а генералниот секретар на Светската организација Антонио Гутереш на својот Твитер профил напиша: „Ако расизмот постои секаде, постои и во ОН“.

– Борбата против расизмот е во суштината на нашата работа во ОН, но ако расизмот постои насекаде, постои и во ОН. Потребни ни се преиспитување, искреност и акција, напиша Гутереш.

Американската национална гарда и помага на полицијата да ги смири немирите, а полициски час досега е прогласен во 40 градови во САД. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close