Svet.SlajderСветСвет.Портал

Во мексиканска клиника за рехабилитација убиени 24 лица

Вооружени лица вчера упаднаа во клиника за рехабилитација од дрога во градот Ирапуато, централно Мексико и убија 24 луѓе, а тројца се тешко повредени

Мексико Сити, 2 јули 2020 (МИА) – Вооружени лица вчера упаднаа во клиника за рехабилитација од дрога во градот Ирапуато, централно Мексико и убија 24 луѓе, а тројца се тешко повредени.

Гувернерот на мексиканската сојузна држава Гуанајуто, Диего Синхуе Родригез Валејо инцидентот го нарече „кукавички напад“.

Тоа е втор напад во Ирапуато за помалку од еден месец, на 6 јуни беше нападната друга клиника за рехабилитација, при што загинаа 10 лица. Додека во декември минатата година од клиника за рехабилитација во истиот град беа киднапирани повеќе лица.

Во тој регион десјтвуваат едни од најопасните нарко картели „Халиско Нуева генерасион“ и „Санта Роса де Лима“.

Шефот на „Санта Роса де Лима“ Хозе Антонио Јапез Отриз пред десетина дена преку видео се закани дека ќе ескалира насилството откако во полициска рација беа упасени неговата сестра и мајка.

Во мексико минатата година беа регистрирани речиси сто убиства дневно, а поголемиот број од загинатите се жртви на нарко картелите. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close