0_Спорт.ПорталФудбал

Гундоган: Да бидеме чесни, Ливерпул ја заслужува титулата

„Црвените“ ги делат уште две победи и математички да го осигураат шампионскиот трофеј, убедливо се лидери со 25 повеќе од „граѓаните“. 

Манчестер, 30 март 2020 (МИА) – Евентуална одлука на Премиер лигата за доделување на титулата на Ливерпул би била чесна, признава фудбалерот на Манчестер сити, Илкај Гундоган.
„Црвените“ ги делат уште две победи и математички да го осигураат шампионскиот трофеј, убедливо се лидери со 25 повеќе од „граѓаните“.
„Не би имал ништо против ако титулата во Премиер лигата ја доделат на Ливерпул. Тоа би било и чесно и спортски“, изјави германскиот интернационалец во Сити.
Продолжението на сезоната во Премиер лигата во моментот е неизвесно, извесно е дека фудбал нема да игра до 30 април, меѓутоа постои можност тој рок да се продолжи.
Од коронавирус во Велика Британија досега се заболени 19.522 лица, додека починаа 1.228. сѓд/сд/

Back to top button
Close
Close