0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Групните тренинзи започнуваат во Италија, но почетокот на сезоната е неизвесен

Владата и италијанската фудбалска федерација одобрија медицински протокол, но истиот беше одбиен од клубовите и Здружението на играчи. Според предложените мерки, ако еден играч е заразен, целиот тим мора да биде ставен во карантин за период од 15 дена. Клубовите и играчите сакаат да се следи моделот на Германија и Шпанија и да се изолира само заразеното лице.

Рим, 17 мај 2020 (МИА) – Премиерот на Италија, Џузепе Конте потврди дека тимовите можат да започнат со групни тренинзи утре. Сепак, тој додаде дека има потреба од уште некои гаранции со цел да се обнови првенството.

Владата и италијанската фудбалска федерација одобрија медицински протокол, но истиот беше одбиен од клубовите и Здружението на играчи. Според предложените мерки, ако еден играч е заразен, целиот тим мора да биде ставен во карантин за период од 15 дена. Клубовите и играчите сакаат да се следи моделот на Германија и Шпанија и да се изолира само заразеното лице.

Во наредните денови се очекуваат нови преговори во врска со протоколот, во кој има и други разлики меѓу страните. Има објавен датум на кој се очекува првенството да биде обновено и тоа е 13 јуни. Сепак, премиерот не беше специфичен за тоа дали сезоната би можела да започне повторно тогаш.

-Пред да започне сезоната, ни требаат уште некои гаранции. Разговарав со министерот за спорт, Винченцо Спадафора, и во оваа фаза ги немаме. Се надевам дека ќе стигнеме до нив што е можно поскоро, рече Конте.

Таг
Back to top button
Close
Close