СветСвет.ПорталСвет.Слајдер

Групата Елдерс, на поранешни светски лидери, е против анексијата на Западниот брег

Група влијателни поранешни светски лидери апелираа до европските лидери да продолжат со притисокот врз Израел против анексијата на делови од Западниот Брег откако оваа земја не направи ништо на 1 јули во таа насока, иако тоа го најави.

Њујорк, 4 јули 2020 (МИА) – Група влијателни поранешни светски лидери апелираа до европските лидери да продолжат со притисокот врз Израел против анексијата на делови од Западниот Брег откако оваа земја не направи ништо на 1 јули во таа насока, иако тоа го најави.

Групата „Елдерс“, која во 2007 година ја основа Нелсон Мандела, во писмо им порача на лидерите на Франција, Германија, Велика Британија и Европската унија дека треба да го предупредат Израел за негативните политички и економски последици за билатералните и регионалните односи.

Групата, што ја предводи  поранешната ирска претседателка Мери Робинсон, заедно со вдовицата на Мандела, Грејс Мишел, и поранешниот генерален секретар на ОН, Бан Ки Мун, како нејзини копретседатели, во писмото наведуваат дека анексијата е „фундаментално спротивна на долгорочните интереси и на израелскиот и на палестинскиот народ“.

Тие оценуваат дека анексијата „нема да ги намали идните палестински барања за самоопределување, туку со уништувањето на надежта за компромис за две држави ќе го зголеми  ризикот од идно насилство во еден од најзапаливите региони во светот “.

Елдерсите ги повикаа лидерите од ЕУ да го разгледаат Договор за асоцијација со Израел, доколку анексијата добие каква било форма.

Тие, исто така, потсетија на „историската и обврзувачка одговорност“ на Велика Британија како колонијална сила во Палестина пред 1948 година.

Покрај противењето на анексијата, групата ја повтори својата поддршка за израелските и палестинските активисти за човекови права, кажувајќи дека „нивниот глас треба да биде заштитен и зајакнат во ова предизвикувачко време“.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека процесот на анексија ќе почне во среда, на 1 јули, и дека сака да ја анектира територијата на Западниот брег во согласност со Блискиоисточниот план на американскиот претседател Доналд Трамп.

Израелскиот министер, Офир Акунис, меѓутоа, кажа дека процесот на анексија е одложен и конечните детали се уште се разработуваат со американски официјални претставници. Тој изрази очекување дека анексијата ќе почне подоцна овој месец.

Нетанјаху најави анексија на сите еврејски населби и долината Јордан, кои сочинуваат околу 30 проценти од територијата на Западниот Брег, која е окупирана во војната во 1967 година. сд/

Back to top button
Close
Close