БалканБалкан.ПорталДописници СветСвет.Слајдер

Група имигранти од Авганистан измамени и оставени на автопатот Валона-Фиер

Албанската полиција открила група од 20 мигранти од Авганистан како пешки се движат по автопатот Валона -Фиер.

Тирана, 28 февруари 2020 (МИА) – Албанската полиција открила група од 20 мигранти од Авганистан како пешки се движат по автопатот Валона-Фиер.

Според нивниот исказ, на албанска територија влегле пред една недела, биле засолнети во некој објект, а на среде пат биле оставени од трговците со луѓе, откако им била исплатена договорената цена и измамени дека се на бараната дестинација.

– Ни рекоа да слезиме од возилото бидејќи сме стигнале во Скадар, во близина на албанско – црногорската граница, до каде требаше да не превезат. Ни зедоа по 700 евра за секого од нас и заминаа, изјавиле имигрантите.

Авганистанците во придружба на полицијата се префрлени во Фиер и откако ќе се спроведе вообичаената процедура ќе се знае дали ќе бидат вратени назад во Грција или сместени во Центарот за имигранти кај Тирана.

Пред два дена беше откриена поголема група имигранти од Авганстан, кога еден од нив постоеше сомнеж дека е заразен со коронаврус, но анализите беа негативни.

Претходно во тешка сообраќајна несреќа во близина на албаскиот град Грамш животот го загубија двајца сириски државјани, додека осуммина беа повредени.

Полициската статистика потврдува дека во изминатиот период од годинава, открени се околу 450 имигранти.вт/сд/

Back to top button
Close
Close