0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderОпштествоХроникаХроника.Портал

Груевска Илиевска ќе биде дел од судечкиот совет за организаторите на 27 април

Основниот кривичен суд Скопје го прифати второто барање на судијата Владимир Туфекџиќ за изземање од судењето за организиторите на настаните од 27 април 2017 година во Собранието и на негово место ја назначи судијката Дијана Груевска Илиевска, која ќе го води предметот заедно со претседателот на судечкиот совет Иле Трпков.

Скопје, 13 февруари 2020 (МИА) – Основниот кривичен суд Скопје го прифати второто барање на судијата Владимир Туфекџиќ за изземање од судењето за организиторите на настаните од 27 април 2017 година во Собранието и на негово место ја назначи судијката Дијана Груевска Илиевска, која ќе го води предметот заедно со претседателот на судечкиот совет Иле Трпков.

Судот, како што денеска информира претседателот на Основниот кривичен суд Скопје Иван Џолев, не го прифати првото барање за изземање на судијата Туфекџиќ, но прифатено е второто барање во кое се посочува дека неговата ќерка Ивана била сослушана во својство на оштетена и поднела оштетно побарување. Тој факт, посочи, првично не го знаевме, проверивме и добивме изјава од Обвинителството за организиран криминал и го усвоивме барањето за изземање.

-Во првиот случај барањето за изземање на судијата Туфекџиќ беше одбиено, меѓутоа се појавија други околности кои после соодветна проверка со Обвинителството за организиран криминал упатуваа дека новото барање за изземање е основано и е уважено. За нов член на судечкиот совет е назначена судијката Дијана Груевска Илиевска. Таа е определена врз основа на три критериуми – стажот на судијата, да биде судија кој има искуство во Одделението за организиран криминал и членот 36 став 6 од Законот за крвична постапка, изјави Џолев.

Груевска Илиевска, како што рече, има 15-годишен стаж како судија, а и работела во Одделението за организиран криминал. Покрај тоа, беше и следен судија на внатрешниот распоред за доделување предмет согласно годишниот распоред на работа, како што го предвидува членот 36 став 6 од Законот за крвична постапка.

Судењето за организаторите на настаните од 27 април треба да почне на 21 февруари годинава во 10 часот. вј/дма/

Back to top button
Close
Close