0_Македонија.ПорталОригинални текстовиПолитички партии

Груби во Стејт Департментот се сретна со директорот за Јужна и Централна Европа Костеланчиќ

Пратеникот Артан Груби, Претседател на собраниската комисија за европски прашања и претседател на парламентарното пријателство со Соединетите Американски Држави, истовремено и Организационен секретар на Демократската Унија за Интеграција, престојува во официјална посета на Вашингтон.

Скопје, 5 февруари 2020

Пратеникот Артан Груби, Претседател на собраниската комисија за европски прашања и претседател на парламентарното пријателство со Соединетите Американски Држави, истовремено и Организационен секретар на Демократската Унија за Интеграција, престојува во официјална посета на Вашингтон.

Во Американскиот Стејт Департмент, Груби оствари работна средба со директорот за Јужна и Централна Европа во Стејт Департментот, Дејвид Констеланчиќ, заменик директорот Мајкл Константино и г-ѓа Јил Дитрих.

Груби се заблагодари на американската влада за безрезервната поддршка за евроатлантските интеграции на Северна Македонија и реформите во земјата.

Улогата на САД во регионот на Западен Балкан е незаменлива и високо ценета од сите нас во Демократската Унија за Интеграција.

Груби истакна дека за ДУИ нема враќање назад за Охридскиот договор, Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство.

Г-динот Костеланчиќ ја потврди поддршката и пријателството на Соединетите Американски Држави со Северна Македонија и ја истакна потребата да се продолжи со реформите, особено во владеењето на правото и борбата против корупцијата.

Претходно, Груби престојуваше во Американскиот Сенат, каде присуствуваше на форумот  организиран од Сенаторот Џејмс Инхоф за предизвиците на Југоисточна Европа и  улогата на сајбер безбедноста и 5G, и се сретна со Конгресменот Адерхолт.

Груби е поканет од Американскиот Конгрес повторно да присуствува на Традиционалниот појадок, со учество на Американскиот претседате, г-динот Доналд Трамп и лидерите на многу други земји.

Комисија за европски прашања

________________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close