Некатегоризирано

Груби се сретна со шпанскиот амбасадор Сера

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, денеска имаше средба со амбасадорот на Кралството Шпанија, Емилио Лоренцо Сера. 

Скопје, 15 септември 2020 (МИА) – Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу
заедниците, Артан Груби, денеска имаше средба со амбасадорот на Кралството Шпанија, Емилио Лоренцо Сера.

Шпанскиот амбасадор му честита на Груби за назначувањето на позицијата прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, нагласувајќи дека добрите односи меѓу Северна Македонија и Шпанија ќе продолжат да се рефлектираат и во поддршката на земјата кон европската интеграција.

Како што се наведува во соопштението од соопштението од Кабинетот на првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, во оваа насока Груби му порачал на амбасадорот на Шпанија, Сера дека е добредојдена поддршката од Кралството Шпанија, како докажан сојузник на Северна Македонија.

Груби, исто така рекол дека Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците ќе гарантира кохезија во земјата, а ја спомнал и важноста на ветингот за сите политичари, судии и обвинители.

На крајот на состанокот, Груби и амбасадорот Сера размениле мислења за најефикасните и најпотребните начини за управување со ситуацијата создадена од пандемијата предизвикана од КОВИД-19, а разговарале и за политичките настани во земјата и регионот. ев/са/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close