0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderПолитика

Груби-Дуџак: Продлабочување на соработката меѓу Владата на Северна Македонија и ООН

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците Артан Груби денеска имаше средба со постојаната координаторка на Обединетите Нации во Република Северна Македонија Росана Дуџак.

Скопје, 11 септември 2020 (МИА) – Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците Артан Груби денеска имаше средба со постојаната координаторка на Обединетите Нации во Република Северна Македонија Росана Дуџак, на која како што информираше неговиот кабинет, биле разменети информации и идеи за тоа како да се продлабочи соработката помеѓу органите на ООН и Владата на Република Северна Македонија.

-Дуџак ја поздрави добрата соработка меѓу ООН и Северна Македонија, оценувајќи дека земјата, во најважните моменти, покажала коректни односи со сите важни прашања, кои се во фокусот на Европската Унија и истовремено на ООН. Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците на овој состанок и рече на Дуџак дека добрата и правилна соработка со органите на ООН постојано се зајакнува и дека ова темпо ќе се задржи и во иднина, се вели во соопштението.

Во оваа прилика, Груби им се заблагодарил на ООН за помошта преку сите свои агенции и програми за поддршка на Северна Македонија.

Груби и Дуџак разговарале и за приоритетите на Владата и истовремено ги презентираше приоритетите на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, нагласувајќи дека функционирањето на извршната кохезија на владината коалиција и владините политики ќе останат приоритет.

На крајот на состанокот, двајцата соговорници се согласија дека агенциите на ООН ќе продолжат да соработуваат во сите области во кои ООН можат да помогнат и да се вклучат во решавање на важните прашања на национално и меѓународно ниво. сст/са/

Back to top button
Close
Close