0_Македонија.ПорталПолитика

Груби-Брегу: Регионалната соработка е шанса за побрза интеграција во ЕУ

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска оствари средба со генералната секретарка на Советот за регионална соработка, Мајлинда Брегу, на која се согласија дека регионалната соработка е од суштинско значење во однос на интеграцијата на земјата во Европската Унија, оценувајќи дека се потребни додатни резултати во тој план, што е важен предуслов за стабилноста и напредокот на регионот.

Скопје, 21 септември 2020 (МИА) – Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска оствари средба со генералната секретарка на Советот за регионална соработка, Мајлинда Брегу, на која се согласија дека регионалната соработка е од суштинско значење во однос на интеграцијата на земјата во Европската Унија, оценувајќи дека се потребни додатни резултати во тој план, што е важен предуслов за стабилноста и напредокот на регионот.

Од Кабинетот на Груби посочија дека на состанокот првиот вицепремие разговарал и за состојбата во земјата но и во регионот, како и за унапредувањето на добрососедските односи, за што, како пример ги зеде договорите што ги постигна Република Северна Македонија со Бугарија и Грција.

– Брегу му пренесе на Груби дека во фокусот на активностите на Советот за регионална соработка е важноста на меѓусебната поврзаност на регионот и потребата за интеграција на економиите на заеднички пазар и истакна дека Советот е подготвен да им помогне на земјите од Југоисточна Европа во процесот на европска интеграција, информираа од Кабинетот на Груби.см/бк/

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close