0_Спорт.ПорталФудбал

Гризман уверен дека Барселона ќе се бори за шампионската титула до крај

Напаѓачот на Барселона, Антоан Гризман, ја беше стрелец на победничкиот погодок синоќа во триумфот над Атлетик со 2:1 во 21. коло на Шпанското фудбалско првенство. Французинот верува дека каталонскиот тим има квалитет да се бори за трофејот до самиот крај на лигата и покрај тоа што водечкиот Атлетико Мадрид во моментов има голема предност.

Барселона, 1 февруари 2021 (МИА) – Напаѓачот на Барселона, Антоан Гризман, ја беше стрелец на победничкиот погодок синоќа во триумфот над Атлетик со 2:1 во 21. коло на Шпанското фудбалско првенство. Французинот верува дека каталонскиот тим има квалитет да се бори за трофејот до самиот крај на лигата и покрај тоа што водечкиот Атлетико Мадрид во моментов има голема предност.

– Имаме одличен тим и можеме да постигнеме сериозни резултати. Дембеле работи напорно надвор од теренот. Ние се обидуваме да му дадеме поддршка. Меси е легенда. Се надевам дека ќе ни помогне да ја освоиме титулата. На добар пат сме. Сигурен дека ќе останеме во борбата за титулата до самиот крај, изјави Гризман за „Марка“.

Барселона е на второто место по 20 одиграни натпревари со 40 бода. Атлетико е во водство, 10 бода пред Барса и има натпревар помалку. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close