0_Спорт.ПорталФудбал

Гризман отворен за преселба во Премиер лигата

Напаѓачот на Барселона, Антоан Гризман размислува да започне кариера во Англија, пренесува „Sport.es“.

Мадрид, 7 јули 2021 (МИА) – Напаѓачот на Барселона, Антоан Гризман размислува да започне кариера во Англија, пренесува „Sport.es“.

Според шпанскиот медиум, 30-годишниот Французин е отворен за пристап во еден од англиските клубови. Објавено е дека за фудбалерот се заинтересирани Челзи и Манчестер јунајтед.

Во сезоната 2020/21, Гризман забележа 51 настап за Барселона, со 20 погодоци и 13 асистенции.

Порталот „Transfermarkt.com“ ја проценува вредноста на играчот на 60 милиони евра.

На 6 јули беше објавено дека Барселона може да го продаде играчот поради финансиски проблеми. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close