0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Гризман е убеден дека Барса ќе остане во Лисабон до крајот

Главната закана за Барса ќе биде напаѓачот на Баерн, Роберт Левандовски, кој беше вклучен во секој од 7-те гола што Германците ги постигна за Челси во двата натпревари од осминафиналето на турнирот.

Лисабон, 13 август 2020 (МИА) – Напаѓачот на Барселона, Антоан Гризман, призна дека очекува неговиот престој во Лисабон да биде долг и неговиот тим да стигне до финалето во Лигата на шампионите. Каталонците го совладаа Наполи и сега се соочуваат во четвртфиналето со Баерн (Минхен) овој петок. Формата на Баварците, кои имаат освоено 26 од нивните последни 27 натпревари од продолжувањето на сезоната, ги прави фаворити да одат напред, но францускиот напаѓач е уверен дека неговиот тим има што да покаже.

– Јас го подготвив багажот да бидам во Лисабон до финалето на 23 август, дури го зедов и Плејстејшнот. Имаме уште 3 натпревари за победа, но мислам дека имаме оружје да го сториме тоа. Секој тим има потенцијал да победи на еден натпревар. Со нетрпение го очекуваме натпреварот, добро работевме тактички и подготвени сме. Сите знаеме дека ќе биде тешко, но знаеме што треба да направиме за да се пласираме во полуфиналето. Ние сме во добар период и можеме да го одиграме натпреварот добро. Мораме да бидеме заедно во напад и одбрана и да се обидеме да ја поседуваме топката колку што е можно повеќе, изјави Гризман на веб-страницата на клубот.

Главната закана за Барса ќе биде напаѓачот на Баерн, Роберт Левандовски, кој беше вклучен во секој од 7-те гола што Германците ги постигна за Челси во двата натпревари од осминафиналето на турнирот.

– Баерн игра многу добро, тие имаат неверојатен напаѓач, но и ние го имаме она што е потребно за да одиграме неверојатен натпревар. Тие се многу физички тим кој е навикнат да ја поседува топката. Ние треба да им ги отежниме нивните животи и да ја играме нашата игра. Баерн не е само Левандовски. Нивните крила одат многу далеку, Томас Милер и Серж Гнабри се исто така многу добри. Левандовски постигна многу голови, но заканата може да дојде од каде било, додава Французинот.

Таг
Back to top button
Close
Close