Svet.SlajderБалканБалкан.ПорталДописници Свет

Гренел: Средба на лидерите на Србија и на Косово во Белата куќа на 2 септември

Лидерите на Србија и на Косово на 2 септември ќе се состанат во Белата куќа во Вашингтон за да преговараат, објави денеска специјалниот пратеник на претседателот на САД за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел.

Белград, 14 август 2020 (МИА) – Лидерите на Србија и на Косово на 2 септември ќе се состанат во Белата куќа во Вашингтон за да преговараат, објави денеска специјалниот пратеник на претседателот на САД за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел.

-Среќни сме да објавиме дека лидерите на Косово и Србија на 2 септември ќе се состанат во Белата куќа за да преговараат, напиша Гренел на својот профил на Твитер.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по објавата за состанокот во Белата куќа изјави на ТВ Пинк дека Србија не е во состојба да ги одбие разговорите.

-Србија не е во позиција, не би било добро, да ги одбие разговорите. Ќе учествуваме во разговорите, а темите се економски. Тоа е важно за нас, тоа се добри теми. Ова го потврди и (косовскиот премиер Авдулах) Хоти, кажа Вучиќ.

Тој оцени дека ова ќе биде уште една можност Косово да се претстави како независна држава и порача дека Србија нема така да ги третира, ниту во Вашингтон ниту во Брисел, иако „Американците сметаат дека Србија и Косово се две независни држави“, како и администрацијата во Брисел.

-Зошто Гренел го употреби терминот „преговори“ е прашање за него, кажа Вучиќ, додавајќи дека самите Американци велат дека ги поддржуваат преговорите преку ЕУ.

Вучиќ повтори дека нема да го третира Косово како независна држава и наведе дека тоа му кажал и на Хоти.

На 27 јуни беше најавено дека во Вашингтон во Белата куќа со посредство на Гренел треба да се сретнат претседателот на Косово, Хашим Тачи и претседателот на Србија, Александар Вушиќ.

Тачи го откажа своето патување во Вашингтон откако беше објавено обвинението против него. Хоти тогаш потврди дека ќе го замени, но потоа се премисли, по што Гренел ја одложи средбата.

Дијалогот меѓу Белград и Приштина по застој во траење од 20 месеци беше обновен во јули во Брисел, кога се состанаа претседателот Александар Вучиќ и косовскиот премиер Авдулах Хоти, со посредство на специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак. об/ссм/

Back to top button
Close
Close