БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Гренел побара од Србија да престане со кампањата за повлекување на признавањата на Косово, Приштина да ги укине таксите

Ја пренесов истата порака дека ние во Америка не сме заинтересирани да бидеме вклучени во тоа како да се формира владата, туку она за што сме навистина заинтересирани е економскиот развој. Ја споделив мојата визија за брзо постигнување на целта, при што ќе ја укинеме таксата и Србија ќе ја запре кампањата за повлекување на признавањата на Косово

Приштина, 23 јануари 2020 (МИА) – Амбасадорот на САД во Германија и специјален пратеник на претседателот Доналд Трамп за дијалогот меѓу Косово и Србија Ричард Гренел, кој допатува синоќа во Приштина, по денешните средби со челниците на партиите победнички на октомвриските парламентарни избори во Косово, Движењето Самоопределување (ВВ) и Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), побара од Србија да ја запре кампањата за повлекување на признанијата на косовската независност.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, претходно, по синоќешната средба со косовскиот претседател Хашим Тачи, Гренел ја нагласи потребата од укинување на таксата на увозот од Србија и Босна и Херцеговина, која пред нешто повеќе од една година ја воведе премиерот, сега во оставка, Рамуш Харадинај.

Пораката до Белград Гренел ја упати по средбата со лидерот на ЛДК Иса Мустафа, а истата ја повтори и по посетата на ВВ, каде што се сретна со лидерот на таа партија, Албин Курти, кој во понеделникот го доби мандатот за состав на новата косовска влада.

– Ја пренесов истата порака дека ние во Америка не сме заинтересирани да бидеме вклучени во тоа како да се формира владата, туку она за што сме навистина заинтересирани е економскиот развој. Ја споделив мојата визија за брзо постигнување на целта, при што ќе ја укинеме таксата и Србија ќе ја запре кампањата за повлекување на признавањата на Косово. Мислам дека ове се двата идни чекори, порача американскиот дипломат, кој допатува во Приштина по потпишувањето, со негово посредништво, на писмото за намери за отворање на авиолинијата Приштина – Белград.

Од Приштина Гренел ќе отпатува за Белград, каде што утре претпладне ќе се сретне со претседателот на Србија Александар Вучиќ. иа/ссм/

Back to top button
Close
Close