Svet.SlajderСветСвет.Портал

Гренел: Не размислувавме за брзо решение и размена на територии меѓу Косово и Србија

Специјалниот претставник на претседателот на САД, Ричард Гренел реагираше на статијата за дијалогот меѓу Белград и Приштина, објавен во американскиот весник „Њујорк тајмс“ и истакна дека никој не планирал брзо решение и дека во негово присуство не се дискутирало за размена на територии.

Њујорк, 26 јуни 2020 (МИА) – Специјалниот претставник на претседателот на САД, Ричард Гренел реагираше на статијата за дијалогот меѓу Белград и Приштина, објавен во американскиот весник „Њујорк тајмс“ и истакна дека никој не планирал брзо решение и дека во негово присуство не се дискутирало за размена на територии.

Гренел на Твитер го коментираше текстот на „Њујорк Тајмс“ каде се наведува дека одложување на самитот Белград и Приштина во Вашингтон претставува удар за надворешната политика на претседателот на САД, Доналд Трамп, и додаде дека во статијата има многу грешки.

Гренел истакна дека  разговарал директно со германски и француски претставници за национална безбедност за да координира “ограничен и исклучиво економски пристап“.

Ние не се мешаме во политиката на Косово и Србија. Ние се координираме со оние кои се одговорни“, додаде Гренел.

„Њујорк Тајмс“ во текстот пишува дека администрацијата на Трамп се надева дека иницијативата за стабилизација на Балканот, под медијација на САД, може да ги подобри неговите достигнувања за надворешна политика во изборната година.  „Њујорк Тајмс“ потсетува и дека состанокот во Вашингтон е одложен, откако Хашим Тачи беше обвинет за воени злосторства.

Претставниците на САД се надеваа дека состанокот би можел да отвори пат за конечно решавање на долгогодишните тензии меѓу двете балкански земји, пишува  „Њујорк Тајмс“.

Весникот додава и дека Гренел се надевал дека самитот в сабота може да ги зајакне трговските и деловните односи меѓу двете земји, но исто така Гренел извршил и голем притисок врз политичарите на Косово, а имал само неколку барања од Србија како сојузник на Русија.

„Њујорк Тајмс“ додава дека Гренел заземал страна во политичкиот спор помеѓу Тачи и Албин Курти, поранешен косовски премиер.

Гренел исто така говореше против Курти, кој подоцна го напуштија коалиционите партнери, што доведе до колапс на неговата влада и предизвика уставна криза во Косово, пишува „Њујорк Тајмс“. ки/сд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close