БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Грција со предлози до Турција за соработка и промоција на позитивна агенда

Несогласувања имало и ќе има, но постои јасна волја од Владата на Мицотакис за позитивна агенда и спектар на соработка во односите меѓу Грција и Турција, соопштуваат од грчкото МНР и додаваат дека токму затоа за време на вчерашните средби во Анкара биле доставени конкретни предлози до турската страна, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 16 април 2021 (МИА) – Несогласувања имало и ќе има, но постои јасна волја од Владата на Мицотакис за позитивна агенда и спектар на соработка во односите меѓу Грција и Турција, соопштуваат од грчкото МНР и додаваат дека токму затоа за време на вчерашните средби во Анкара биле доставени конкретни предлози до турската страна, јави дописничката на МИА од Атина.

Грчката страна, преку заменик-министерот за надворешни работи надлежен за економска дипломатија Костас Франкојанис предложила 15 точки на соработка во областа на економијата, а свои предлози доставила и Турција.

-Во економскиот и трговскиот сектор, позитивната агенда може да придонесе за зајакнување на климата на деескалација и подобрување на односите. Паралелно, двете страни го разгледаа зајакнувањето на контактите меѓу двата народи, разменија мислења во таа насока, кои може да се спроведат по завршувањето на пандемијата, соопштуваат од грчкото МНР и додаваат дека двете страни се согласиле да работат на следните чекори. ср/

Таг
Back to top button
Close
Close