0_Web_Избор на уредникот0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталДописници СветМакедонија.СлајдерПолитика

Грција нема издадено никаква нова или дополнителна забрана за влез на македонски државјани

Согласно издадената министерска одлука на 14 мај 2020 година, до 15 јуни во Грција е забранет влез за државјани на трети земји, согласно упатствата од Агенција за цивилно воздухопловство, до 14 јуни на полноќ е во сила привремената забрана за летови од и кон Грција за седум држави, меѓу кои и нашата земја, согласно листата од  Министерството за туризам на Грција, Северна Македонија е меѓу 29те земјите за кои од 15 јуни ќе биде дозволен влез во земјата, додека пак според  грчкото МНР на 15 јуни ќе се отворат копнените граници на Грција, ова се актуелните, веќе познати и веќе објавени одлуки во Грција и не постои никаква нова или дополнителна забрана за влез на македонски државјани, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 3 јуни 2020 (МИА) – Во Грција и не постои никаква нова или дополнителна забрана за влез на македонски државјани освен постоечките одлуки, јави дописничката на МИА од Атина

Согласно издадената министерска одлука на 14 мај 2020 година, до 15 јуни во Грција е забранет влез за државјани на трети земји, согласно упатствата од Агенција за цивилно воздухопловство, до 14 јуни на полноќ е во сила привремената забрана за летови од и кон Грција за седум држави, меѓу кои и нашата земја, согласно листата од  Министерството за туризам на Грција, Северна Македонија е меѓу 29-те земјите за кои од 15 јуни ќе биде дозволен влез во земјата, додека пак според  грчкото МНР на 15 јуни ќе се отворат копнените граници на Грција, ова се актуелните, веќе познати и веќе објавени одлуки, јави дописничката на МИА од Атина.

За информацијата објавена во дел од македонските медиуми, во кoи наводно е цитирано соопштение од грчкото МНР дека  „до 1 јули забранува влез во Грција за жителите на Тетово, Чаир, Сарај, Бутел, Арачиново, Липково, Куманово, Теарце, Студеничани и Шуто Оризари“, Министерството за надворешни работи на Северна Македонија, преку официјалниот „Твитер“ профил реагираше дека станува збор за лажна вест.

Конкретната „вест“ е пропратна и со фотографија од наводното соопштение од Министерството за надворешни работи на Грција, кое е напишано на грчки јазик меѓутоа со граматички и синтаксички грешки, а најверојатно за преводот е користен „Гугл транслејт“.

Секако, од грчкото МНР, не постои никакво соопштение што се однесува на македонските државјани. ср/ми/

Back to top button
Close
Close