Svet.SlajderБалканБалкан.ПорталДописници Свет

Грција на 66. место во светот според бројот на заразени лица од Ковид-19, на средината на април се очекуват резултатите од мерките

Одиме чекор по чекор, на 15 април ќе видиме дали преземените мерки, од затворањето на училиштата до карантинот, донесоа резултати, изјави министерот за здравство на Грција, Василис Кикиљас во интервјуто за грчката телевизија „Скај“

Атина, 29 март 2020 (МИА) – Одиме чекор по чекор, на 15 април ќе видиме дали преземените мерки, од затворањето на училиштата до карантинот, донесоа резултати, изјави министерот за здравство на Грција, Василис Кикиљас во интервјуто за грчката телевизија „Скај“.

Тој додаде дека следниот месец е критичен за земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

Разбирам дека за ова е потребно трпение и дисциплина од нашите сограѓани, но мислам дека никој, баш никој не сака да го стави во опасност неговото лично здравје и здравјето на неговото семејство и да ги стави во опасност неговите блиски, рече Кикиљас.

Грчката влада, преку министерска одлука, ја продолжи до 11 април 2020 година мерката со која се затворени сите продавници, со исклучок на супермаркетите, аптеките, бензинските пумпи, угостителските објекти што вршат достава, банките и слично.

Исто така, до 11 април 2020 година, се продолжува и мерката што се однесува на затворањето на црквите и религиозните објекти.

Со официјално потврдениот 1.061 позитивен случај и 32 починати лица заклучно со вчера, Грција е на 66. место во светот според бројот на заразени лица и на 33-то според бројот на жртви, врз основа на бројот на жители, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.

Паралелно, грчката полиција продолжува со контролите во цела Грција во однос на забраната за движење на граѓаните.

Во текот на вчерашниот ден биле регистрирани 1.400 прекршувања, а од почетокот на забраната во понеделникот, заклучно со вчера, казна од 150 евра им била изречена на 6.606 лица. ср/ми/

Таг
Back to top button
Close
Close