БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Грција ќе постави пловен заштитен систем за намалување на бегалските и мигрантските бранови

За справување со зголемените бегалски и мигрантски бранови, грчката Влада ја разгледува можноста во морето да постави пловен заштитен систем, а пилот проектот ќе започне со пловки во должина од 2,7 километри, веројатно во близина на грчката престолнина, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 30 јануари 2020 (МИА) – За справување со зголемените бегалски и мигрантски бранови, грчката Влада ја разгледува можноста во морето да постави пловен заштитен систем, а пилот проектот ќе започне со пловки во должина од 2,7 километри, веројатно во близина на грчката престолнина, јави дописничката на МИА од Атина.

Доколку се покаже како ефективна мерка и донесе резултати, пловниот заштитен систем ќе се примени и во деловите што се најмногу погодени од бегалските и мигрантските бранови.

Министерството за одбрана на Грција веќе распиша барање за набавка на опрема за пловен заштитен систем во должина од 2,7 километри за што е предвиден буџет од 500 илјади евра

Портпаролот на грчката Влада, Стелиос Пецас, во интервју за грчката телевизија Скај рече дека тие ги разгледуваат сите можности за зајакнување на границите со различни средства.

– Овие 2,7 километри ќе бидат пробни, некаде во внатрешноста, овде во близина, за да се испроба, дали може да донесе резултат и ова се комбинира со други работи, рече Пецас.

Со сличен став е и министерот за одбрана на Грција, Никос Панајотопулос, кој вели дека бараат начини за намалување на брановите.

– Ќе видиме каков резултат, каква моќ на спречување ќе има во пракса. Кај Еврос, природните бариери имаа некакви резултати. Оценувам дека може да има сличен резултат и со овие пловни бариери, рече министерот за одбрана на Грција, говорејќи за грчкото радио „Скај“. ср/

Таг
Back to top button
Close
Close