ЗанимливостиСцена

Грција ќе им додели државјанство и на сопругата и децата на Том Хенкс

Владата во Грција ја прошири својата понуда и ќе им додели почесно државјанство на американскиот актер Том Хенкс, неговата сопруга и двете деца во знак на благодарност за помошта на жртвите од пожарот во 2018 година

Атина, 14 јануари 2019 (МИА) – Владата во Грција ја прошири својата понуда и ќе им додели почесно државјанство на американскиот актер Том Хенкс, неговата сопруга и двете деца во знак на благодарност за помошта на жртвите од пожарот во 2018 година.

Претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос, минатиот месец потпиша декрет за доделување почесно државјанство на 63-годишниот Хенкс.

Повеќе од 100 луѓе загинаа во пожарот во јули 2018 година во близина на Атина.

Рита Вилсон, актерка, продуцентка и сопруга на Хенкс, има грчко и бугарско потекло, и заедно со синовите често летниот одмор го поминува на грчкиот остров Андипарос, каде што имаат вила.

Хенкс двапати ја освои наградата „Оскар“ за најдобар актер, за неговите улоги во „Филаделфија“ и „Форест Гамп“.

Според грчкиот закон, почесно државјанство може да му се додели на лице кое има исклучителна заслуга или ако државјанството е во јавен интерес. ез/ми/

Таг
Back to top button
Close
Close