БалканБалкан.ПорталДописници СветСвет.Слајдер

Грчко МНР: Земја која фабрикува лажни вести не е во позиција да го вперува прстот кон други

Земја која фабрикува лажни вести и ги користи луѓето како алатка за рушење ѕидови, не е во позиција да го вперува прстот кон други, напишаа од Министерството за надворешни работи на Грција на официјалниот „Твитер профил“ и додаваат дека Турција не е во позиција ниту да држи лекции за меѓународното право и човековите права, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 3 март 2020 (МИА) – Земја која фабрикува лажни вести и ги користи луѓето како алатка за рушење ѕидови, не е во позиција да го вперува прстот кон други, напишаа од Министерството за надворешни работи на Грција на официјалниот „Твитер профил“ и додаваат дека Турција не е во позиција ниту да држи лекции за меѓународното право и човековите права, јави дописничката на МИА од Атина.

Твит МНР Грција

„Кога една земја ги користи луѓето како алатка за рушење ѕидови, фабрикува лажни вести за да ги доведе во заблуда и систематски ги прекршува суверенитетот и суверените права на соседните земји, не е во позиција да го вперува прстот кон други. И секако не е во позиција да држи лекции за меѓународно право и човекови права. Впрочем, Турција со години паѓа на овие основни лекции“, пишуваат од грчкото МНР.

Според грчките медиуми, реакцијата доаѓа по обвинувањата до Грција од претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, како и за неговата изјава дека грчките војници убиле двајца мигранти, а еден е потешко повреден. ср/сд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close