Svet.SlajderБалканБалкан.ПорталДописници Свет

Грчко МНР за Света Софија: Турција ги прекршува обврските од Конвенцијата на УНЕСКО

Со менувањето на споменикот Турција ги прекршува обврските кои произлегуваат од Конвенцијата на УНЕСКО од 1972 година и фрла сенка фрз сликата на земјата, соопштуваат од Министерството за надворешни работи на Грција за претворањето на Света Софија во џамија, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 24 јули 2020 (МИА) – Со менувањето на стаусот на споменик Турција ги прекршува обврските кои произлегуваат од Конвенцијата на УНЕСКО од1972 година и фрла сенка фрз сликата на земјата, соопштуваат од Министерството за надворешни работи на Грција за претворањето на Света Софија во џамија, јави дописничката на МИА од Атина.

-Менувањето на статусот на важни културни споменици несомнено е удар за културното наследство на човештвото. Ова менување претставува прекршување на обврските на Турција кои произлегуваат од Конвенцијата на УНЕСКО од 1972 година, додека фрла темна сенка на нејзината слика, соопштуваат од грчкото МНР, додаваат дека промената на употребата на споменикот, симболиката, „повлекува и значителни ризици за интегритетот на објектот, како и за мозаиците и другите уметнички дела во внатрешноста“.

Министерството за надворешни работи на Грција соопштува дека тие ќе работат, за „светската заедница да остане свесна“, бидејќи тоа е прашање што се однесува на целото човештво.

-Во ера кога се потребни приближувања и обединувачки чекори, потези кои поттикнуваат религиозни и културни поделби и ги продлабочуваат јазовите наместо да ги премостуваат, не придонесуваат во разбирањето и зближувањето на народите, додаваат од грчкото МНР. ср/сд/

Таг
Back to top button
Close
Close