0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталДописници СветПолитика

Грчко МНР: Добредојде за нашите соседи во НАТО-семејството

Министерството за надворешни работи на Грција преку официјалниот твитер-профил упати честитки за нашето членство во НАТО, додавајќи дека очекува конструктивна соработка, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 28 март 2020 (МИА) – Министерството за надворешни работи на Грција преку официјалниот твитер-профил упати честитки за нашето членство во НАТО, додавајќи дека очекува конструктивна соработка, јави дописничката на МИА од Атина.

– Ѝ честитаме на Република Северна Македонија за нејзиното членство во НАТО како 30-ти член на Алијансата. Добредојде за нашите соседи во НАТО-семејството и очекуваме конструктивна соработка во рамките на Алијансата, напишаа од грчкото МНР на „Твитер“. ср/бк/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close