БалканБалкан.ПорталДописници СветСвет.Слајдер

Грчко МНР: Бројките од турските власти се лажни

Никој не може да ги помине грчките граници. Сите оние што се обидуваат да влезат нелегално, ефективно се спречени да влезат. Бројките цитирани од турските власти се лажни и заблудени, пишуваат од Министерството за надворешни работи на Грција на официјалниот „Твитер“ профил во однос на информациите од Турција за бројот на бегалци и мигранти кои влегле во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 1 март 2020 (МИА) – Никој не може да ги помине грчките граници. Сите оние што се обидуваат да влезат нелегално, ефективно се спречени да влезат. Бројките цитирани од турските власти се лажни и заблудени, пишуваат од Министерството за надворешни работи на Грција на официјалниот „Твитер“ профил во однос на информациите од Турција за бројот на бегалци и мигранти кои влегле во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчкото МНР велат дека „продолжува кампањата за дезинформации од турските власти“ и ги објавуваат официјалните бројки за спречени обиди и уапсени лица.

-Продолжува кампањата за дезинформации од турските власти. Реалноста: Од вчера наутро до сабајлево беше спречен влез на грчка територија (по целиот Еврос) на 10.000 лица. Од нив 73 лица неповрзани со Идлиб влегоа нелегално на грчка територија, беа уапсени и соодветно ќе се гонат, објаснуваат од грчкото МНР на „Твитер“. ср/сд/

Back to top button
Close
Close