0_Web_Актуелно0_Web_Избор на уредникот0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderДописници СветПолитика

Грчките медиуми за интервјуто на Заев за МИА

На најавената меѓувладина седница меѓу двете земји, го ставаат акцентот, онлајн изданијата на грчките медиуми во текстот преземен од грчката новинска агенција АНА-МПА, за интервјуто на премиерот Зоран Заев за МИА по средбите во Грција за време на дводневната работна посета, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 18 септември 2020 (МИА) – На најавената меѓувладина седница меѓу двете земји, го ставаат акцентот, онлајн изданијата на грчките медиуми во текстот преземен од грчката новинска агенција АНА-МПА, за интервјуто на премиерот Зоран Заев за МИА по средбите во Грција за време на дводневната работна посета, јави дописничката на МИА од Атина.

АНА-МПА под наслов „Меѓувладина седница меѓу Грција и Северна Македонија, најави Заев“, пишува дека ќе биде потпишан договор за избегнување на двојното оданочување, објаснува дека тоа ќе биде втора седница по првата одржана во април 2019 во Скопје и ги пренесува ставовите на македонскиот премиер, како во однос на големите можности за соработка меѓу двете земји, така и за интересот за учество во проектот за снабдување со течен природен гас кај грчкиот град Александруполи.

„Заев: Меѓувладина седница на Северна Македонија и Грција“; „Меѓувладина седница на Северна Македонија и Грција, најави Заев“; „Заев: Мицотакис сака да дојде во Скопје – следните чекори“, се дел од насловите во онлајн изданијата на грчките медиуми, во текстови главно преземени од АНА-МПА.

Онлајн изданието на весникот „Етнос“, акцентот го става на делот од интервјуто на Заев за МИА во кое вели дека Мицотакис изразил желба да го посети Скопје, а ја споменува и понудената подготвеност на Грција, да ја снабди Северна Македонија со вакцина за Ковид-19.

Посетата на Заев на Атина и средбите со Мицотакис и Сакеларопулу, предизвика интерес кај медиумите во Грција кои информираа за разговорите со грчкиот државен врв, а македонскиот премиер, додека престојуваше во Грција за конференцијата на „Економист“ , освен за МИА, даде интервјуа и за грчката телевизија „Мега“ и за весникот „Та неа“. ср/сп/

Таг
Back to top button
Close
Close