0_Web_Избор на уредникот0_Web_Насловна-слајдерMakedonija.SlajderДописници СветПолитика

Грчките медиуми за доделениот мандат на Заев

„Северна Македонија: Мандат за Зоран Заев за формирање влада“; „Скопје: Заев го доби мандатот за да формира влада“; „Зоран Заев доби мандат за формирање влада“; „Северна Македонија: Кај Заев мандатот за формирање влада“, се дел од насловите во онлајн изданијата на грчките медиуми, кои го пренесуваат текстот објавен од грчката новинска агенција АНА-МПА за доделениот мандат на Зоран Заев за формирање влада, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 14 август 2020 (МИА) – „Северна Македонија: Мандат за Зоран Заев за формирање влада“; „Скопје: Заев го доби мандатот за да формира влада“; „Зоран Заев доби мандат за формирање влада“; „Северна Македонија: Кај Заев мандатот за формирање влада“, се дел од насловите во онлајн изданијата на грчките медиуми, кои го пренесуваат текстот објавен од грчката новинска агенција АНА-МПА за доделениот мандат на Зоран Заев за формирање влада, јави дописничката на МИА од Атина.

АНА-МПА во текстот пренесува дека претседателот Стево Пендаровски му го додели мандатот на претседателот на СДСМ, „партијата што беше прва на изборите на 15 јули“.

-Зоран Заев изрази уверување дека ќе формира влада, за која, како што рече, ќе биде стабилна и современа и во целост ќе ги почитува трите клучни договори за земјата: Договорот од Преспа, Договорот на Северна Македонија со Бугарија добрососедство и соработка и Охридскиот мировен договор, пишува АНА-МПА.

Грчката новинска агенција објаснува дека доколку во следните 20 дена, Зоран Заев не успее да формира влада, тогаш претседателот на државата, ќе му го даде мандатот на лидерот на партијата што беше втора на изборите, односно на Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПНЕ.

Во текстот, АНА-МПА додава дека Зоран Заев во изминатиот период имаше две средби со Али Ахмети „за веројатноста да се формира влада, но без резултат“ и потсетува на распоредот на силите по парламентарите избори минатиот месец.ср/са/

Таг
Back to top button
Close
Close